НОЌЕВАЊЕТО ВО ХОТЕЛИТЕ ЗА ЕДНА ГОДИНА ПОСКАПЕЛО ЗА 14,5 ОТСТО Не се подолу ниту цените на храната и на пијалаците

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – август 2024 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 5,5%, додека во однос на декември 2023 година е зголемен за 2,6%.

98

Цените на угостителските услуги во август во однос на јули годинава се зголемени за 0,2%, а споредено со август минатата година за 5,1%, објави Државниот завод за статистика.

Споредено по групи на услуги во август годинава споредено со август лани кај храната е забележано зголемување од 2,4%, кај алкохолот од 4,6% и кај ноќевањата од 14, 5%.






На месечна основа зголемувањето на цената на услугите во угостителските објекти кај  „храна“ е  за 0,3%, кај  „алкохолни пијалаци“ зa 0,3% и кај „ноќевања“ за 0,1%.

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – август 2024 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 5,5%, додека во однос на декември 2023 година е зголемен за 2,6%.

Поврзани содржини