НИТУ ЕДЕН НАШ ГОСТИН НЕ БИЛ ИЗБРКАН ОД ХОТЕЛОТ Од ЈК Травел тврдат дека сите нивни клиенти останале во Олеа Гарден

За ова недоразбирање кое настана, а кое нема никаква врска со ЈК Травел , доказ е и извинувањето, кое го добивме од хотелот, во кое се негира било какво бркање на гости од собите и, секако,  извинување до нас како партнерска  агенција, тврдат од ЈК Травел.

268

Во врска со објавата, која од вчера се шири по медиумите би сакале да демантираме и  појасниме дека ЈК Травел воопшто не е поврзана со недоразбирањето што се случило во хотелот Олеа Гарден, во Грција. Ве информираме дека гостите кои се сместени во Хотел Олеа Гарден се во своите соби и продолжуваат со својот одмор како што и првично имаат резервирано и уплатено. Најодговорно тврдиме дека ниеден момент никој од нив не беше оставен на улица и не остана никој без сместување. Сите гости остануваат во хотелот во кој имаа уплатено за својот одмор, велат од агенцијата ЈК Травел.

„За ова недоразбирање кое настана, а кое нема никаква врска со ЈК Травел , доказ е и извинувањето, кое го добивме од хотелот, во кое се негира било какво бркање на гости од собите и, секако,  извинување до нас, како партнерска  агенција“, тврдат од ЈК Травел.






Од агенцијата испратија и допис од хотелот, со кој се потврдува добрата соработка со ЈК Травел.

„Почитуван  партнер ЈК Травел!  Се извинуваме за било какво недоразбирање направено во комуникација со Вашите гости и рецепцијата. Ви гарантираме дека одморот на ниту еден Ваш  гостин не беше прекинат во хотелот Олеа Гарден на ниту една минута. За истото може да Ве известат и самите гости во било кое време.  Искрено се надеваме на добра идна соработка.“

Од агенцијата уште еднаш ги демантираат сензационалистичките објави дека клиенти на ЈК Травел останале на улица, отврлајќи ги како невистинити.

„Нашето работење е максимално професионално, а тоа го докажува фактот дека ние сме агенција која постои 16 години и никогаш досега не сме се соочиле со ваква состојба, бидејки задовлството на нашите клиенти секогаш било и ќе  остане приоритет во нашето работење“, велат од ЈК Травел.

Поврзани содржини