НИТУ ЕДЕН АВИОН ЗА ПОЖАРИ НЕ Е ФУНКЦИОНАЛЕН Сите „ер трактори“ се на сервис, Ангелов вети дека до лето ќе ги врати
Ангелов ја презеде функцијата еден ден откако Владата го именуваше, а на новото место доаѓа од позицијата директор на Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Во моментот ниту еден од трите „ер трактори“ не е во функција, но до почетокот на летото се очекува тие повторно да бидат оперативни за гаснење пожари, изјави денеска новоименуваниот директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов.
Ангелов ја презеде функцијата еден ден откако Владата го именуваше, а на новото место доаѓа од позицијата директор на Центарот за управување со кризи (ЦУК).
– Во овој момент во државата нема ниту еден функционален „ер трактор“, но сум оптимист дека набргу ќе ги имаме сите три, заедно со посадите. Се наоѓаат на сервис и очекувам наскоро да бидат вратени – рече Ангелов.
Тој најави и неколку „изненадувања“ што, како што вели, ќе помогнат полесно да се справиме со евентуални пожари ова лето.
Ангелов откри дека во институцијата се наталожени бројни проблеми и додаде дека токму заради тоа е поставен на функцијата – со цел Дирекцијата конечно да профункционира како што треба.
Во исто време, во Владата функционира работна група која работи на системска трансформација на моделот за справување со кризи.
– Мојот фокус е формирање на нова институција во која ќе се спојат ДЗС и ЦУК – најави Ангелов.