НИШТО БЕЗ АМИН ОД ПУТИН Според Виткоф во Истанбул ќе се преговара за територијата на Украина

Специјалниот пратеник на Белата куќа истакна дека нема да има договор без одобрување од страна на претседателот на Русија, Владимир Путин и дека прашањето за нуклеарната централа Запорожје има посебно значење поради нејзиниот енергетски капацитет.

289

Главни теми на потенцијалните преговори помеѓу Русија и Украина би можеле да бидат за територијалниот статус, контролата над нуклеарната централа Запорожје, како и користење на реката Дњепар и пристап на Украина до Црно Море, изјави специјалниот пратеник на Белата куќа, Стив Виткоф во интервју за американскиот портал „Брејтбарт њуз“ (Breitbart News).

Тој истакна дека „нема да има договор без одобрување од страна на претседателот на Русија, Владимир Путин“.






Виткоф посочи дека прашањето за нуклеарната централа Запорожје има посебно значење поради нејзиниот енергетски капацитет.

Тој додаде дека за преговорите разговарал со Москва и Киев, но и со советниците за национална безбедност од Велика Британија, Франција, Германија и Италија.

Поврзани содржини