Една од најпопуларните хрватски пејачки, 48-годишната Нина Бадриќ, во последно време доживува вистинска драма.
Бадриќ пријавила непознат маж поради долгогодишно вознемирување. Како што пишува „Слободна Далмација“, непознатиот маж ја вознемирувал пејачката во Загреб, а подоцна и на островот Хвар, каде што Бадриќ има стан, поради што била принудена да побара помош од полицијата.
Иако пејачката одбивала секако облик на комуникација, упорниот маж не сакал да се откаже, па од неа барал поблиски односи. Тој често ја вознемирувал во Загреб, доаѓајќи пред нејзината врата., а тоа продолжило и на Хвар.
Случајот заврши во Сплитското општинско државно правобранителство, а подоцна беше префрлен во истото правобранителство во Загреб, каде што дотичниот маж има регистрирано живеалиште.
На човекот му било забрането да се приближува и да воспоставува контакт со Бадриќ.
Слична ситуација доживеа и хрватската пејачка Јелена Розга. Нејзе за време на карантинот ја вознемирувал маж кој ѝ се појавувал и на вратата во куќата во која живее, па и во тој случај морала да реагира полицијата.