Нина Бадриќ ги моли хрватските власти: Многумина останаа гладни, овозможете ни да работиме

1,238

Хрватската поп-пејачка Нина Бадриќ се огласи преку социјалните мрежи и испрати апел до  властите на нејзината земја да им овозможи на музичарите да започнат со работа и создаваат.

Пејачката сними видео, и истакна дека веќе половина година таа и нејзините колеги не можат да работат поради коронавирусот, и дека музичарите можеби се единствените кои останаа ускратени за дозвола за извршување на работата од која живеат.






– Ми се чини дека ние сме единствената професија што остана во локдаун (lockdown – заклучена). Не се донесени јасни мерки на кој начин и под кои барања и ние музичарите можеме да работиме. Ова не е хоби, ова е сериозна работа – напоменува пејачката.

Но, Бадриќ не скренала внимание само на пејачите, туку и на многу луѓе кои соработуваат со нив (бендови, организатори на концерти…), и истакнала дека многу семејства се загрозени.

– Ова не е хоби, ова не е шега. Од оваа работа зависи егзистенцијата на многу луѓе, а многу заради тоа останаа се гладни и „крпат“ некако крај со крај. Го молам Министерството да се огласи по прашањето за нас музичарите и да ја отвори можноста за нас, како било, секако под сите мерки, затоа што здравјето е најважно, да започнеме повторно да работиме – замолила Бадриќ.

Пејачката, на крајот, истакнала дека музиката е живо ткиво и дека тоа е нешто што на сите им го разубавува и развеселува животот.

– Сакаме да работиме, сакаме и понатаму да создаваме и да бидеме секогаш на првиот фронт кога станува збор за хуманитарни концерти и работи што ние музичарите ги носиме на на нашиот грб – рекла таа на самиот крај на своето обраќање.

 

 

 

Поврзани содржини