📷 НИНА БАДРИЌ ДЕНЕСКА СЛАВИ РОДЕНДЕН Сите се изненадени колку години има пејачката, мислат дека е најмалку 10 години помлада
Хрватската пејачка Нина Бадриќ денеска наполни 52 години, а многумина не можеа да поверуваат, затоа што пејачката изгледа 10 години помладо, како што ѝнапишаа во коментарите.
Хрватската пејачка Нина Бадриќ денеска наполни 52 години, а многумина не можеа да поверуваат, затоа што пејачката изгледа 10 години помладо, како што ѝнапишаа во коментарите.
Нина Бадриќ вети дека публиката во тоа име ќе ја почести со сингл. Одлучила токму на овој ден да објави нова песна под називот „Како си“.
Но, денот го отвори со интересна порака објавена на нејзиниот инстаграм-профил. Таа успеа да се пошегува и да ги насмее своите следбеници.
View this post on Instagram
„Тешко е да се најде личност која е убава, добра и симпатична. Затоа, чувајте ме, што да ви кажам“, напиша славеничката под фотографијата, а нејзините следбеници ѝ го честитаа прекрасниот ден и ѝ посакаа добро здравје.
View this post on Instagram
Како што одминува времето, пејачката сè повеќе остава впечаток на млада и свежа дама, а како што самата признава, „волшебното стапче“ што го бараат многу жени „не постои“.
– Магично стапче не постои, треба да направите промени исхраната и да бидете упорни – објаснила таа.