Николоски: Тужбата е апсурдна, Заев да дојде во суд

583

Судењето по тужбата за клевета што ја поднесе премиерот Зоран Заев против потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски е одложено за 20 ноември.

На денешното рочиште не се појави премиерот Заев, а како застапник на тужбентото барање дојде негов адвокат.






–  Се работи за еден апсурд, јас не можам да ја сфатам опседнатоста на семејството Заеви со мене. Знаете дека исто така за клевета ме тужеше и Вице Заев, сега ме тужи и Зоран Заев. Вице Заев ме тужеше за тоа дека е главен бизнис фактор во државава и  е главен бизнис фактор во државата, тоа го знаат сите. Сега Зоран Заев ме тужи за случајот „Рекет“, кој што веќе има јасна завршница во јавноста. И од таа страна не можам навистина да ја разберам опседнатоста на семејството Заеви со мене. Ако е целта да ме замолчат мене или да го замолчат ВМРО-ДПМНЕ, мислам дека грешат, дека си прават контра услуга и мислам дека ова е најлошиот пат кој што го избрале. Политичари не можат да тужат политичари. Тоа е пракса на Европскиот суд за човекови права, јас сум навел многу пресуди во Европскиот суд за човекови права, вклучувајќи и една од висок нивен функционер, а тоа е Јани Макрадули против Република Македонија – изјави Николоски.

Заев го тужи Николовски за изјава дадена во август лани во контекст на случајот „Рекет“ во која го обвинува дека е на врвот на пирамидата што изрекетирала над 20 милиони евра. Заев како отштета бара 60.000 денари.

Поврзани содржини