Николовски нема информација дека Мухамед Зекири е вмешан во корупциски скандал

Министерот за корупција вели дека за било кој случај треба да постапуваат институциите и дека за секого треба да има одговорност.

1,618

Немам информација дека Мухамед Зекири е вмешан во корупциски скандал, изајви Љупчо Николовски, вицепремиер за борба со коруцпијата во емисијата „Трилинг“ на ТВ 24.

Николовски вели дека секој може да каже што сака, но дека тој нема слушнато за коруптивен случај во кој ве вмешан потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири, а кој медиумите го најавија како Рекет 3.






Според него, за било кој случај треба да постапуваат институциите и дека за секого треба да има одговорност.

Николовски рече и дека ако Владата утврди некаква одговорност, морална, тие бараат одговорност за функционерите.

Тој не даде одговор, ниту зошто Зекири беше извисен од директорското место во Фондот за здравство.

Поврзани содржини