Николовски: Крими коалицијата донесе ДУП од 200 милиони евра во корист на контроверзниот бизнисмен Дака
Дека ништо не е случајно се слушна и во разговорите од кои се дозна дека Давидовиќ е во постојана комуникација со Драги Рашковски- генералниот секретар на Владата, а има средби и со Зоран Заев, истакна Николовски во соопштение до јавноста.
На 31 август оваа година, само еден ден по формирањето на старо-новата Владата на СДСМ и ДУИ во Советот на Општина Тетово каде мнозинство имаат исто така СДСМ и ДУИ се изгласа детален урбанистички план кој во себе носи криминал, корупција како и сериозен регионален контроверзен контекст, тврди пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски.
– На седницата на Совет на Општина Тетово беше изгласан детален урбанистички план за урбан блок 57а кој се наоѓа на местото на поранешниот гигант ШИК Јелак. Со ДУП-от целосно се нарушува балансот и урбаното живеење во градот. Со овој ДУП се предвидува градба од 230 000 метри квадрати од кои станови дури 140 000 метри квадратни, а околу 80 000 метри квадратни деловни објекти. Поедноставено ова значи околу 2 000 нови станови во Тетово со некаде околу 8 000 нови жители, како и деловни објекти кои дополнително ќе го оптоварат градот. План за кој нема никакви нити урбанистички нити сообраќајни услови а најмалку хумани услови за живот. План во кој потенцијалната заработка на инвеститорот надминува незамисливи 200 милиони евра – обвини Николовски.
Тој изјави дека сопственик на објектите на поранешен ШИК Јелак како и земјиштето на кое ќе се гради е контроверзниот црногорски бизнисмен Миодраг Дака Давидовиќ, „на македонската јавност познат од разговорите кои се објавија пред парламентарните избори во кои јасно се слуша дека дал 300.000 евра со цел да му се завршат работите, а дополнително ветува 2 000 метри квадратни земјиште и 2 милиони евра доколку се дозаврши работата поврзана со ШИК Јелак Тетово“.
– На македонската јавност и беше исто така презентирано дека Владата предводена од СДСМ и ДУИ на најмалку три седници одржани на 25.12.2018, на 15.01.2019 и на 07.02.2019 дала согласност да се понуди остатокот од ШИК Јелак на Дака Давидовиќ кој веќе поседувал дел од ШИК Јелак искористувајќи празнини во законот. Со тоа контроверзниот Миодраг Дака Давидовиќ има право да го откупи по почетна ниска цена целокупното земјиште на ШИК Јелак и на него со новиот ДУП да изгради објекти од кои ќе заработи незамисливи 200 милиони евра. Дека ништо не е случајно се слушна и во разговорите од кои се дозна дека Давидовиќ е во постојана комуникација со Драги Рашковски- генералниот секретар на Владата, а има средби и со Зоран Заев – истакна Николовски во соопштение до јавноста.
Тој праша, кај кого ќе завршат 2000 метри квадратни земјиште и 2 милиони евра спомнати во разговорите како додаток на веќе исплатените 300.000 евра? Кој се од СДСМ и ДУИ е замешан во ова? Дали целта на коалицијата на лагата меѓу СДСМ и ДУИ е продолжување на криминалот? И дали се свесни СДСМ и ДУИ за регионалниот контекст поврзан со гоестратешките ориентации на регионот и улогата на Миодраг Дака Давидовиќ во истите? За ова ќе пишувам повеќе во текот на утрешниот ден.
Тој на својот профил на Фејсбук го објави усвоениот ДУП и опис на вкупно развиената површина за градба која, како што нагласи, надминува 230.000 метри квадратни со над 2000 станови и најмалку 8000 нови жители.