Николовски: Ги откажавме митинзите, со граѓаните ќе бидеме преку социјалните мрежи

338

Граѓаните ќе го одберат СДСМ за зголемена минимална плата, за нови работни места, за зголемена просечна плата, за недела како неработен ден, за појак здравствен систем и за земја од која ќе се извезуваат производи, а не луѓе, порача на прес конференција Љупчо Николовски генерален секретар на СДСМ.

– Како одговорна власт, СДСМ се води исклучиво од она што е најдобро за народот и државата. По 6 месеци закоченост, во моментов тоа значи нов парламент, а потоа и целосно функционална и легитимна влада. Без неодговорни и незрели министри, влада со полн политички капацитет.Насесен да сме во полна сила за справувањето со ковид, за новата учебна година, за новата грејна сезона. 15 јули е денот кога одлучуваме кој ќе ги предводи институциите и кој ќе ја води државата – рече Николовски.






Тој додаде дека самите бираме дали на 15 јули да му кажеме збогум на „неодговорниот, незрел и опасен“ политичар Христијан Мицкоски.

– Сетете се дали за време на целата криза, дали Мицкоски и неговата фејк-њуз партијаовикуваа да се почитуваат мерките, или цело време ставаа сопки и го подриваа здравствениот систем? Затоа ве повикувам, да бидеме дисциплинирани и одговорни, да им помогнеме на здравствените работиници, кои се на првата борбена линија. СДСМ ќе води одговорна и 100 проценти  безбедна кампања од здравствен аспект. Кампањата започнува на 23 јуни и ќе трае до 12 јули на полноќ, кога настапува предизборниот молк. Ги откажуваме митинзите, големите собири и сите потенцијално ризични настани за да заштитиме здравјето на нашите активисти, членови и на сите граѓани. Преку социјалните мрежи, медиумите, преку дигитални алатки и други канали ќе бидеме со граѓаните – рече Николовски.

 

Поврзани содржини