Николовски: Дали на иста маса со Мицкоски во ресторанот седеле и Зекиров и поранешен шеф на УБК?

1,583

Наместо сите заедно да работиме за подобра иднина, ние имаме лидер на опозиција кому кафеаните и теретаните му се поважни од здравјето на граѓаните.Тој е лицето на ВМРО-ДПМНЕ, тој е главата на партија која не почитува закони, која луѓето ги дели на ваши и наши, која помага само ако имаш партиска книшка, која потплатува судии, се заканува на новинари, прави црни листи за отстрел, списоци, тепа невини луѓе и студенти, притвора неистомисленици, порача генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски.

Николовски истакна дека во јавноста постојано стигнуваат нови информации за скандалозното прекршување на забраните од страна на Мицкоски и затоа тој мора да одговори на јавно поставени прашања.






– Мицкоски јавно призна дека ги прекршил мерките наивно обидувајќи да се оправда дека не ги познавал протоколите, истите протоколи кои тој и неговата партија ги критикуваа. Дали на иста маса со Мицкоски седел и Ален Зеќиров, добро познат како поранешен член на обезедувањето на Сашо Мијалков и личност на која и се судеше за прегазување човек? Дали на истата маса седел и поранешен директор на Управата за безбедност и контраразузнавање? Што разговарале и од што се криеле среде Скопје – праша Николовски.

Тој оцени дека во време на оваа сериозна здравствено-економска криза Мицкоски свесно и намерно ги прекршува мерките и задолженијата и побара од министерот Наќе Чулев да не го следи својот лидер, туку да си ја врши работата.

– Има мерки и треба да има и казни! Секој што не го почитува законот треба да плати за тоа. Работи си ја работата министре и обезбеди го редот! Инаку, ќе станеме остров на зараза. Гледате колку треба. Неколку дена мангуплук и непочитување на редот и ефектите се очигледни – вели Николовски.

Поврзани содржини