Николов: Ако ја почитуваме препораката за тестирање, ќе ја имаме реалната слика на носители на вирусот

Зошто „Тестирај, тестирај, тестирај“? Со тоа ќе добиеме слика против што се бориме. Ние со малку тестирања велевме добри сме, а во меѓувреме се случуваше кризата во Италија. Во државава се врати дијаспората од Италија. Според мои податоци, станува збор за околу  28 или 30 илјади луѓе кои се вратија, но тука не ги запишуваа, а мораше да има епидемиолошки скрининг- тврди Николов.

1,625

Доктор Игор Николов, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, вечерва гостуваше во емисијата „Само вистина“ на телевизија Канал 5 каде ги изнесе своите видувања за состојбата со коронавирусот.

Според него, потребно е доследно почитување на препораката од Светската здравствена организација која гласи „тестирај, тестирај, тестирај“, или „што повеќе се тестирани ,тоа подобро“, соопштија од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ






– Зошто  „тестирај, тестирај, тестирај“? Со тоа ќе добиеме слика против што се бориме. Ние со малку тестирања велевме добри сме, а во меѓувреме се случуваше кризата во Италија. Во државава се врати дијаспората од Италија. Според мои податоци, станува збор за околу  28 или 30 илјади луѓе кои се вратија, но тука не ги запишуваа, а мораше да има епидемиолошки скрининг – рече Никиолов.

Според него, кај нас ситуацијата е ваква – волкот е влезен во трло со јагниња. Зашто  ние поинаку се однесуваме од Кинезите и вирусот полесно се шири.

– Кинезите, кога доаѓаа и се шетаа како туристи во Европа, ние им се смеевме што носат заштитни маски. Кај нас свеста е поинаква и затоа сега мора да се искористи вонредната ситуација и за казнување за оние кои се шетаат, а препорака е седете дома. Кај нас луѓето се движат – рече Николов.

Тој укажа на пример од Австрија, каде следат казни ако ве сретнат на улица, а немате продукти за заштита во одредена вредност.

– Не знаеме како ќе се развива епидемијата. Важно е да има телефон за пријавувања на лица кои се вратени од кризни зони со корона. Добро, еве сега го има, со задоцнување. Ова несомнено ќе ни го смени начинот на функционирање. Кога беа терорситичките напади во 2001 година, после нив ни се смени однесувањето. Еднсотавно, се навикнавме да не носиме течност во авион, остри предмети. Сега можеби резулатот ќе биде електронско здравство, електронско плаќање и слично. Тоа ќе ни стане навика. Ќе мора да помименем на електронско функционирање, да станеме помалку емоционални при комуницирањето – посочи Николов.

Поврзани содржини