Николоски: ВМРО-ДПМНЕ има заложба за законот за легализирање на дивоградбите

Николовски спомена дека Македонија влегува во рецесија, како и дека се очекува и натаму да расте инфлацијата, и уште повеќе да поскапуваат храната, електричната енергија и нафтата.

833

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски вечерва на гостувањето во „Клик Плус“ на „ТВ21“ рече дека и опозицијата има заложба во носењето на законот за легализирање на дивоградбите.

Николоски смета дека со овој закон, легализација ќе има само за оние градби кои се наменети за живеење, а не на деловни објекти, хотели или објекти со кои се прави профит.






– Во однос на ставот на Пендаровски со овој закон, негова уставна надлежност да ги потпишува или да не ги потпишува. За содржината за законот, веројатно треба да даде изјава министерот за транспорт и врски. Ова е заложба на ВМРО-ДПМНЕ долг период. Од причина што во Македонија многу се градело неплански, а во деведесетите не беа носени урбанистички планови, а на луѓето им требаа легализација. Смислата е да се легализираат објектите кои не се за комерцијална употреба. Дел од овој закон не се згради, деловни објекти, хоители и кое прави профит, туку за живеење – вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

– Општината не носи брзо детални урбанистички планови, едноставно да го имаат тој имотен лист, да си земат кредит, тоа беше духот на законот – рече Николоски кој што додаде дека една од работите била разговарана и на средбата меѓу Заев и Мицкоски

ТВ21: Дали овој закон ја опфаќа и терасата на белата палата на ВМРО-ДПМНЕ, за која градончаланиот општина Центар кажа дека е дивоградба?

– Ако имало нелегано, ќе постапел и сегашниот и претходниот градоначалник, затоа што не се од ВМРО-ДПМНЕ. Треба да ес видат добро законските прописи, но не верувам дека би останало неказнето ако нешто е нелегално – вели Николоски.

Тој коментираше за блокадата во Собранието, и за петтиот сет на мерки истакна дека власта манипулирала со изјави, и дека власта обвинувајќи ги пратениците на опозицијата, сакала да покаже, како што вели Николоски, „друга слика на ситуацијата“.

– Не е така за петиот сет мерки. Политиката стана брза, се читаат само наслови во медиумите, и тука успеа власта да продаде приказна дека е продаден пакето мерки. На 17 февруари го одобри, и на крај на февруари да може да се исплатат. После два дена беше донесен во Собрание, претседателот го стави на дневен ред не одма, туку на 24 март. Првпат кога можевме да интервениравме, имаше седница за пратенички прашања. И тогаш кажавме да не оди седница на пратенички прашања, туку да расправаме за тој закон и да го донесеме. Помина на комисија за финансирање и буџет, наместо да биде ставен, Талат Џаери бараше да биде преведен. Џафери зборува македонски јазик. Тој знаеше дека ВМРО-ДПМНЕ не се сложува за закони од 36. седница. Меѓутоа проблем за петтиот пакет мерки беше издавањето на еврообврзницата. Власта немаше пари, и чекаше да се издаде обврзницата, да влезат парите во буџетот. Теоретски ако испаднеше, на 1 март ќе требаше да ги исплатат парите, па немаше пари. Но, наместо да кажат искрено и реално, тие направија непотребен циркус – рече Николоски.

Николовски спомена дека Македонија влегува во рецесија, како и дека се очекува и натаму да расте инфлацијата, и уште повеќе да поскапуваат храната, електричната енергија и нафтата.

– Македонија влегува во инфлација. Ова се официјални податоци од Народната банка која ја проектираше инфлацијата за 1,5 %, а денеска има корегирана бројка од 2,2%, а реалната инфлација надминува 3%. Поскапува храната, електричната енергија и се очекува нафтата да поскапи. Најдобар доказ е дека граѓаните ќе споредат што можат да купат за 1000 денари од пред 5 години, и сега. Втората работа која ме загрижува во економијата порастот на задолженоста, надминува 7,5 милијарди – вели Николоски.

Поврзани содржини