Николоски: Со пратеници од коалицијата на СДСМ се разговара за ново парламентарно мнозинство

5,131

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во гостување на телевизија Стар обелодени дека со пратеници од коалицијата на СДСМ разговараат за ново парламентарно мнозинство.

– Во овој момент, еве ексклузивно има пратеници од коалицијата на СДСМ, кои што не се од Беса или од ДУИ туку од останати пратеници во рамки на коалицијата на СДСМ коишто веќе разговараат за ново парламентарно мнозинство – истакна Николоски.






Тој смета дека актуелниот парламентарен состав на ВМРО-ДПМНЕ е најсилен и дека тоа се гледа во Собранието, со квалитетот на луѓето кои ги имаат.

– Секако секој е стручен во својата област. Ова се пратеници избрани од народот, пратеници кои што ги бираше членството на ВМРО-ДПМНЕ и сум апсолутно убеден дека ќе останат до крај лојални на ВМРО-ДПМНЕ – рече Николоски.

Според Николоски, СДСМ намерно ја наметнува темата бидејќи власта не може да обезбеди мнозинство и кворум за работа во Собранието.

– Тоа е повторно злоупотреба на короната, затоа што е ова е измислена тема не е дека нема двајца пратеници во владејачкото мнозинство кои што се позитивни на корона јас им посакувам добро здравја и што побрзо да закрепнат, но може даи ма и двајца болни не дај боже од рак, срцеви заболувања и да не набројувам заболувања кои што ги има во денешницата, но никогаш претходно не било тема онлајн работа, сега станува тема онлајн работа затоа што власта не може да обезбеди мнозинство и кворум за работа. Тие се власт со само 62 пратеници, од коишто од СДСМ се само 30, останатите се помали коалициони партнери на СДСМ плус Беса и ДУИ и едвај составија влада прикрпена, пратениците не им доаѓаат во Собрание на работа и имаат проблем да функционираат и измислуваат виртуелна тема за онлајн работа –  нагласи Николоски.

Тој за, онлајн работа на Собранието нвели дека не е дозволена според македонскиот Устав.

– Онлајн работа не е дозволена според македонскиот Устав, тоа е логично, личноста се вика пратеник, значи народот го праќа во Собранието да го претставува таму, не го праќа дома, за од дома на компјутер да клика, за или против. Собранието не е само пленарната сала, има бројни други активности кои што се случуваат коишто јавноста не ги гледа и коишто ги прават пратениците во рамки на работа на комисиите, средби со граѓани, со институции, со здруженија на граѓани, со други засегнати, пишување на закони, подготовка на амандмани коишто не можете да ги правете ако не сте физички присутен. Но затоа што има проблем власта, СДСМ со помалите коалициони партии Беса и ДУИ да опстои  ја измислуваат оваа виртуелна тема. Тоа нема да се случи затоа што ниту ВМРО-ДПМНЕ ќе го дозволи тоа а гледам дека и албанската опозиција е против и оваа власт, повторно кажувам ќе трае многу пократко од тоа што мислат граѓаните дека ќе трае –  заклучи Николоски.

 

 

Поврзани содржини