Николоски – Сијарто: Време е Македонија да започне преговори веднаш

Според Николоски, високиот степен на корупција, како и неказнетиот криминал кој е потврден и од Транспаренси Интернешнл е сигнал дека Владата на Македонија ги губи своите приоритети, но и дека сето тоа не смее да ја направи државата и граѓаните заложник на неспособната влада.

275

Продлабочување на соработката и јакнење на капацитетите на двете сестрински партии Фидес и ВМРО-ДПМНЕ во рамките на семејството на Европската Народна партија, како и продолжување на напорите на одблокирање на патот кон Европската Унија, било дел од разговорите на денешната средба помеѓу потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски и министерот за надворешни работи на Република Унгарија Петар Сијарто.

Потпретседателот Николоски истакнал дека исклучително важно е да не се губи време со интеграциите на Македонија и од голема помош е секоја поддршка и лобирање на пријателите како што е Унгарија.






Според Николоски, високиот степен на корупција, како и неказнетиот криминал кој е потврден и од Транспаренси Интернешнл е сигнал дека Владата на Македонија ги губи своите приоритети, но и дека сето тоа не смее да ја направи државата и граѓаните заложник на неспособната влада.

– Беше констатирано дека Македонија е време да започне преговори веднаш, а поддршката е сестрана од Унгарија, воедно ваква поддршка Владата треба да побара од сите држави пријатели на Европско тло – соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Николоски ќе ја продолжи својата дипломатска турнеја и во Белград каде ќе оствари средба со амбасадорката на Португалија земја преседавач со ЕУ Мариа Виргина Пина која ја покрива и Македонија.

Воедно ова ќе биде прва средба со политичар од Македонија откако од 1 јануари оваа година Португалија е земја претседавач со Европската Унија.

 

Поврзани содржини