Николоски: Седум пратеници од мнозинството не го поддржаа Никола Димитров, ова е прв чекор во рушење на оваа власт
Седум пратеници од власта не го поддржаа Никола Димитров на вчерашната интерпелација и со ова ВМРО-ДПМНЕ го направи првиот чекор кон уривање на власта, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во гостување на Канал5.
– Клучното прашање кое мислам дека треба да се постави после вчерашната интерпелација е зошто седум пратеници од власта не гласаа за Никола Димитров, имено тој доби само 55 гласови од владејачкото мнозинство, а власта ја сочинуваат 62 пратеници – вели Николоски.
Тој вели дека ова отвора многу прашања во однос на стабилноста на владејачкото мнозинство, па по тоа оваа интерпелација е почеток на реализација на планот на ВМРО-ДПМНЕ кој треба да резултира со рушење на оваа влада.
– Вчера на почеток на мојот говор потенцирав дека оваа интерпелација на Никола Димитров е почеток на реализација на планот на ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата кој што треба финално да заврши со рушење на оваа влада и формирање на нова влада, мислам дека првиот чекор го направивме вчера со тоа што седум пратеници од власта не гласаа за Никола Димитров – посочи Николоски.