НИКОЛОСКИ Ѝ ПОНУДИ ТРИ РЕШЕНИЈА НА ЕУ ЗА ПРОБЛЕМОТ НА ПРЕВОЗНИЦИТЕ Се очекува вистинска реакција, наместо економски колапс на регионот

Вицепремиерот смета дека Унијата има доволно време да ги разгледа и донесе соодветно решение.

834

Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски денеска на граничниот премин Блаце беше на блокадата од каде што им даде  поддршка на превозниците во име на владата и во свое име, како што рече,  затоа што протестот е предупредувачки бидејќи превозниците сакат да покажат што ќе се случува по 10 април кога ќе почне да се применува електронското сметање на времето на престој на возачите на камиони во шенген зоната.

Тој смета дека ЕУ има доволно време да најде соодветно решение, а тој предложи три.






– Прво да се одложи ЕЕЗ за превозниците. Второ да се зголеми бројот на денови нивен престој најмногу на 250 денови соодветно поделено на циклуси и третото превозниците  да не се третираат како туристи, туку како професионалци и врз основа на тоа да се исклучат од правилата или да им се даваат работни визи како тоа што го прави сега Швајцарија и да можат слободно да транзитираат. Се спротивно од ова ќе има големи последици за македонската, регионалната, но и  и за европската економија. Да не заборавиме дека најголем дел од инвестициите во регионот се од земјите на ЕУ односно од земјите на шенген зоната. Тие овде најчесто произведуваат полупроизводи кои во земјите на ЕУ треба да ги претворат во готови производи кои треба да ги извезат надвор од ЕУ. Да не зборувам за земјоделските производи, за транзитот, за грчките производи што одат на север, ниту за коридорот 10 кој е крвоток за европската економијата – рече Николоски.

Тој апелираше ЕУ уште еднаш да размисли и да ја разгледа пораката на балканските превозници и да најде решени ое досега одбивање да го најде.

-Ние повеќе од една година бараме да се најде соодветно решение. За жал тие досега се оглушуваа и не се обидоа да го решат проблемот – рече Николоски.

Тој посочи дека контактира и има координација со сите влади во регионот.

-Ќе се обивам и со пограничните земји на регионот Хрватска и со Бугарија да контактирам и да побарам решение. Ќе контактирам и со други земји – рече Николоски.

Пред тоа генералната секретарка на Макам-транс Билјана Муратовска рече дека превозниците не сакаат со овие блокади да ѝ наштетат на економијата на земјите од Западен Балкан туку само да предупредат на тоа што ќе се случува по 10 април кога возачите од регионот нема да можат да ги исполнат обврските кон своите партнери бидејќи нема да имаат возачи.

Таа рече дека доколку не се најде решение до 10 април, нема потреба да се презема ништо повеќе бидејќи транспортерите ќе запрат со работа, а последиците ќе бидат катастрофални.

Поврзани содржини