Александар Николоски од ВМРО ДПМНЕ на Фејсбук пишува дека претседателот Стево Пендаровски во два наврати направил гаф и му честитал празник на погрешен човек, наместо на претседателот на странската држава.
„Пендаровски му честита празник на претседателот на Чешка во твит. Ништо необично нели? Аха да. Наместо чешкиот претседател пинга некој рандом трол. Јавноста забележува, тивко го брише првиот твит и уште еднаш честита – повторно пинга погрешен твитер корисник“, објави Николоски.