НИКОЛОСКИ ОТВОРИ ПАЗАР ВО МИРАВЦИ Со 30 милиони денари ќе се гради Западниот булевар во Гевгелија

Николоски најави дека во соработка со ЈП за државни патишта ќе се реконструира автопатската делница од Гевгелија до граничниот премин Богородица и од Гевгелија до Неготино, додека во делот на општина Богданци се работи на изградба на обиколница во општината.

2,030

Обезбедив 30 милиони денари за изградба на Западен булевар во Гевгелија и очекувам набрзо да започне неговата изградба. Претходно со околу 10 милиони денари се реконструираше улица во населеното место Мрзенци и ова е начинот како оваа Влада дава силна поддршка за развој на општините, изјави министерот за транспорт Александар Николоски при денешната посета на Гевгелија.

Тој информира дека се обезбедени 100 милиони евра за оваа година за инфраструктурни проекти за општините, а за следната година планирани се 250 милиони евра директна поддршка исто така за проекти во општините.






Министерот заедно со градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов го посети и селото Миравци каде што го пушти во употреба новоизградениот пазар.

– За рекордно време до 3 месеци се изгради пазарот што верувам дека ќе му помогне на целиот регион. Министерството за транспорт дава силен фокус и поддршка за Гевгелија. Оваа година од средства од заемот за Светска банка одобривме 10 милиони денари кои што се реализирани за селото Мрзенци, а пред неколку дена одобрив 30 милиони денари за изградба на Западен булевар Климент Охридски, што практично треба да отвори цел еден нов дел во градот, нешто што е заложба на градоначалникот од првиот ден. Тука секако се и средствата што ги определи Владата во висина од 100 милиони евра за оваа година за општините – рече Николоски.

Тој најави дека во соработка со ЈП за државни патишта ќе се реконструира автопатската делница од Гевгелија до граничниот премин Богородица и од Гевгелија до Неготино, додека во делот на општина Богданци се работи на изградба на обиколница во општината. Тој рече дека следи период на силна градежна офанзива во сите општини во државата.

Сарамандов истакна дека Владата обезбедува силна поддршка за локалниот развој на Гевгелија. Пазарот во Миравци е проект на општината инвестиција од 4 милиони денари.

Поврзани содржини