Николоски: На власта помило и е да троши за чоколади отколку да им помогне на лозарите

545

За жал власта на Заев и СДСМ си го покажаа вистинското лице, затоа што по три дена јавна расправа во Собранието  решија да не ги поддржат предлозите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.

– Власта не поддржа гарантиран откуп на грозјето,  гарантирана цена којашто ќе е 20 отсто над производната цена. Тоа значи некаде 18-тина денари по килограм, а не два односно 1.5 денар како што се откупува сега. Зголемување на субвенциите по хектар, од постојни 48 на 96.000 денари.  Ослободување на земјоделците од плаќање на надоместок за земјиште, како и надоместок за вода. И најбитното, државен интервентен откуп на сето грозје кое што не може да се откупи заради ниските цени кои што ги имаат лозарите – рече Николоски.






Тој објасни дека ова се барања коишто ги има подолго време ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, а коишто ги ветуваше Заев како опозиционер, а сега не ги решава.

– И ние единствено што побаравме да се издвојат десетина милиони евра од Буџетот, кои што можат да се најдат доколку се скратат оние непродуктивни расходи. Или да намалат со вртење на милионите во РЕК Битола. Или да не се купуваат цветни аранжмани, чоколади и ф’стаци во владата. И тие средства да се наменат за македонските лозари и македонските земјоделци.  За жал, власта на Заев тоа го доби со што го покажа вистинското лице, а тоа е дека не е на страна на народот, туку е на страна на зелената мафија – рече Николоски.

 

 

Поврзани содржини