Николоски: Димитров се фали дека тој го спречил Заев да не потпишува со Бугарија
Тој вели дека вакви ситуации имало и порано, а се случуваат и во моментов, но „очигледно Зоран Заев за нив не знае или молчи за да не испадне слабак во очите на членството, но чесно е да знаат“.
Во вечерашното издание на дебатната емисија „Само вистина” гостуваше потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски кој се осврна на договорот со источниот сосед, ветото кое Македонија го доби како резултат на, како што рече, лошите политики на Владата, како и за 100 дена од формирањето на владината гарнитура на Зоран Заев.
Николоски очекува одговор од Зоран Заев во однос на шпекулациите кои кружат веќе одреден период за негов близок соработник кој брифира новинари наоколу низ државата и споделува информации за одлуките на Зоран Заев.
– Имено, се работи за Никола Димитров кој веќе одреден период оди низ Република Македонија и остварува контакти со новинари, на кои им споделува информации од преговорите со бугарската дипломатија, односно за решенијата и одлуките кои Зоран Заев ги донесува. Димитров се пофалил дека Зоран Заев не ги прифатил барањата на Бугарија, само поради тоа што самиот тој присуствувал на тие разговори и во негово име барал да не се прифаќаат, односно дека главната виолина во тимот е всушност самиот тој. Бројни новинари го потврдуваат ова, но очигледно Зоран Заев или не знае со кого соработува или пак умешно ги крие овие разговори, за да не ја покаже слабоста и немањето влијание врз одредени соработници – вели Николоски.
Тој вели дека вакви ситуации имало и порано, а се случуваат и во моментов, но „очигледно Зоран Заев за нив не знае или молчи за да не испадне слабак во очите на членството, но чесно е да знаат“.