НИКОЛА КОЈО СЕ ОГЛАСИ ПО МОРБИДНАТА ЛАГА На неговите деца во училиште им рекле дека е мртов (ФОТО)
По морбидната лага дека Никола Којо починал, легендарниот српски актер проговори: Животот на моите деца е скратен поради оваа стресна, таблоидна држава.
На Инстаграм првенствено објави фотографија од својот покоен татко на кого му ги посвети најубавите зборови, а потоа и принтскрин објава во која пишува дека Којо починал.
Легендарниот српски актер Никола Којо и неговото семејство се едни од последните во низата жртви на непростливи грешки или уште полошо, непромислени шеги.
Имено, некои српски медиуми објавија дека Којо починал, а работите да бидат уште полоши, на неговите деца на училиште им било кажано дека го нивниот татко го нема повеќ.
Којо, кој инаку ги избегнува медиумите и ретко се огласува во јавноста, уште поретко дава интервјуа, ова не го премолче и вчера на Инстаграм сподели, пред сѐ, фотографија од својот покоен татко, а потоа принтскрин од морбидната објава во за која пишува дека Којо починал.
View this post on Instagram
– Сакав пред една година да објавам дека се пресели и дека ќе ми недостигаш засекогаш. Да ти се заблагодарам за сѐ добро и убаво што научив и наследив од тебе. Не го направив тоа поради сликата што следи зад твојата. Не направив поради: „Тага во фамилијата xy“, поради „Неверување“, и поради други гадости од кои не се срамат и за кои никој никогаш нема да ги казни… (сега тоа го прават на јавни личности и кога ќе им умре нивната аквариумска риба).
И ти ја мразеше оваа сензационалистичка стока и многупати и тебе те вознемируваа заради малку кликови и малку подобар тираж.
Денеска моите деца на училиште ги известуваат дека нивниот татко починал. Денеска нивниот живот е скратен од оваа стресна, таблоидна држава, која е создадена како таква за да ја прикрие мафијата во невидени размери.
Сега морам да ти кажам (и да ѝ дадам наслов на таа стока), дека беше најпрекрасниот и најнежниот татко, дека тагата не поминува и дека ќе те сакам засекогаш, бидејќи така е со вистинските љубови и вистинските татковци.
Твојот син Никола – напиша Којо.
ФОТО: Инстаграм/Јутјуб