Холивудската ѕвезда Никол Кидман ова лето го прослави 53-от роденден, а благодарение на младешкиот изглед и завидно витата линија, малкумина би погодиле дека на нејзината торта има толку многу свеќи.
Познатата австралиска актерка, која е родена на Хаваи, својата беспрекорна фигура, како што вели, им ја должи на гените, но и на дисциплината. Имено, Никол со години е верна на својот специфичен план за исхрана.
Станува збор за режим наречен 80:20 според кој слабеете јадејќи четири здрави и еден нездрав оброк дневно.
Како што истакнуваат следбениците на овој начин на исхрана, тоа е одлична диета за губење на вишокот килограми без гладување, нервоза и ограничувања. Правилото на овој начин на исхрана е само едно: 80 отсто од дневниот внес на храна мора да биде здрава и „чиста“, додека 20 отсто од храната може да биде нездрава, со што ќе ја задоволи желбата за некои, инаку забранети намирници. Многумина на почетокот ќе помислат дека станува збор за комплициран режим, но пресметката е, всушност, едноставна.
Сепак, не само во прашање исхраната што ја прави оваа холивудска ѕвезда да изгледа младешки.
Никол Кидман трча редовно, бидејќи порасна во семејство на маратонци, а во последно време сè почесто практикува јога и вози собен велосипед.
View this post on Instagram