„НИКОГАШ СЕВЕРНА“ И НА ОЛИМПИЈАДАТА Јужна Кореја упати жесток протест поради грешката со името, Олимпискиот комитет се извинува

Јанг Ми-ран, заменик јужнокорејски министер за спорт и олимписки првак во кревање тегови во 2008 година, побара средба со претседателот на Меѓународниот олимписки комитет, Томас Бах, за да разговараат за ова прашање.

743

Јужна Кореја упати жесток протест откако нејзините спортисти во петокот, на церемонијата на отворањето на Олимписките игри во Париз, погрешно беа претставени како Севернокорејци, поради што Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) официјално се извини, пишува порталот ВОА њуз.

Кога делегацијата на Јужна Кореја пристигна со брод на реката Сена, како 48-ма нација учесничка, водителите ја претставија како Демократска Народна Република Кореја на француски, а потоа и на англиски, користејќи го официјалното име за Северна Кореја, земја со која Јужна Кореја сè уште е во војна.






„Јужнокорејското министерство за спорт жали што на церемонијата на отворање на Олимписките игри во Париз делегацијата на Јужна Кореја беше претставена како делегација на Северна Кореја“, стои во официјалното соопштение објавено во текот на денешниот ден.

Јанг Ми-ран, заменик јужнокорејски министер за спорт и олимписки првак во кревање тегови во 2008 година, побара средба со претседателот на Меѓународниот олимписки комитет, Томас Бах, за да разговараат за ова прашање.

„Јужнокорејскиот национален олимписки комитет планира да се сретне со Парискиот олимписки организациски комитет и со ИОК за да го изрази своето незадоволство, да побара мерки за да се осигура дека тоа повеќе нема да се случи и да испрати официјално протестно писмо во име на шефот на својата делегација“, додава јужнокорејското министерство за спорт.

ИОК се извини за грешката.

„Длабоко се извинуваме за грешката што се случи за време на претставувањето на јужнокорејскиот тим за време на преносот на церемонијата на отворање“, објави ИОК на социјалната мрежа Икс на корејски јазик.

За време на церемонијата, Северна Кореја беше правилно претставена со своето официјално име.

Јужна Кореја технички сè уште е во војна со Северна Кореја бидејќи конфликтот, кој траеше од 1950 до 1953 година, заврши со примирје, а не со мировен договор.

ОЛИМПИЈАДАТА ПОЧНА СО ГАФОВИ Јужна Кореја ја нарекоа Северна, а олимпиското знаме се вееше наопаку

Поврзани содржини