НИКОГАШ НЕМА ДА ВЕ РАЗОЧАРАМ Ахмети им се заблагодари на гласачите за довербата
Одговорноста што ми ја давате со вашата доверба e благослов и поттик за да се направи уште повеќе, уште подобро. Заедно сме на овој пат, и заедно ќе го направиме секој чекор со сите граѓани. Оваа победа е ваша, на сите граѓани“ истакна претседателот на ДУИ Али Ахмети.
Претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети им се заблагодари на сите граѓани за поддршката на вчерашните локални избори каде уште еднаш се докажа дека ДУИ е најголемата албанска политичка сила во земјата.
„Заедно остваривме победа и овој пат и јас сум многу благодарен за придонесот на секој од вас за време на кампањата и изборниот процес. ДУИ е ваша, тоа е национален проект каде што сите имаме удел и ви ветувам дека никогаш нема да ве разочарам. Одговорноста што ми ја давате со вашата доверба e благослов и поттик за да се направи уште повеќе, уште подобро. Заедно сме на овој пат, и заедно ќе го направиме секој чекор со сите граѓани. Оваа победа е ваша, на сите граѓани“ истакна претседателот на ДУИ Али Ахмети.