📽 НИКОГАШ НЕМА ДА ПОТПИШАМ НЕЗАВИСНОСТ НА КОСОВО Вучиќ се јави на Инстаграм за да ги успокои Србите

Јас, како чесен човек, но и како човек кој го почитува Уставот на својата земја, отворено кажувам дека никогаш нема да потпишам независност на Косово - порача Александар Вучиќ во видеото објавено на Инстаграм профилот.

265

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска во видео објавено на неговиот профил на Инстаграм нагласи дека никогаш нема да потпише независнот на Косово.

– Исто како што … зборуваа дека се против санкциите кон Русија, и дека јас лично ќе ги воведам по 3 април и по тие избори, сепак не го направив тоа. Додека тие сѐ уште се залагаат за санкции против Русија до денес, па сега измислија дека сум подготвен да потпишам независност на Косово веднаш откако ќе завршат изборите во Србија. Сакам луѓето во мојата земја да знаат дека тоа е лага. Јас, како чесен човек, но и како човек кој го почитува Уставот на својата земја, отворено кажувам дека никогаш нема да потпишам независност на Косово – порача Александар Вучиќ во видеото објавено на Инстаграм профилот.






Поврзани содржини