Никој во Приштина нема да плаќа за јавен превоз

Во објава на својата страница на Фејсбук, приштинскиот градоначалник Шпенд Ахмети нагласи дека „правилата и мерките за заштита од ковид-19 остануваат во сила и се обврзувачки за сите кои патуваат со тие автобуси“.

181

Жителите на косовскиот главен град од денеска во наредните месец дена ќе можат бесплатно да го користат превозот со автобусите на градското јавно сообраќајно претпријатие, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во објава на својата страница на Фејсбук, приштинскиот градоначалник Шпенд Ахмети нагласи дека „правилата и мерките за заштита од ковид-19 остануваат во сила и се обврзувачки за сите кои патуваат со тие автобуси“.






Тој информира дека Советот на општината го прифатил предлогот на дел од советниците за четиримесечен бесплатен превоз со автобусите на јавното претпријатие, меѓутоа истиот не може да се спроведе без измена на буџетот на општината.

-Наспроти добриот предлог, таквите одлуки кои влијаат на буџетот не можат да се донесат без измена на буџетот. Годинава можеме да го направиме тоа, но за 2021 немаме буџет, затоа што републичкото Собрание сè уште не го усвоило, напиша Ахмети.

Поврзани содржини