НИКОЈ ОД СДСМ НЕ ДОШОЛ ВО БУДИМПЕШТА ЗА ДА БАРА НЕШТО ОД МЕНЕ Груевски ги отфрла тврдењата на екс-министерот Димитровски

Иако ваквите лажни вести и шпекулации најчесто ги игнорирам бидејќи од различен тип ги има скоро секој ден, со оглед дека многу мои пријатели ме прашуваат дали е тоа точно, информирам дека никој од СДСМ не дошол кај мене да бара било што, истакна поранешниот премиер Никола Груевски.

1,041

Дознав дека деновиве на некој медиум имало изјава од поранешен заменик министер за локална самоуправа дека луѓе од СДСМ дошле кај мене во Будимпешта и барале поддршка за двотретинско мнозинство за промени на Уставот, во замена за прекин на политичкиот прогон, и дека јас тоа сум го одбил. Затоа сега ја информирам јавноста дека никој не дошол кај мене да бара било што, напиша на Фејсбук поранешниот премиер Никола Груевски.

„Ме известија и дека таа изјава станала вирална на социјалните мрежи. Иако ваквите лажни вести и шпекулации најчесто ги игнорирам бидејќи од различен тип ги има скоро секој ден, со оглед дека многу мои пријатели ме прашуваат дали е тоа точно, информирам дека никој од СДСМ не дошол кај мене да бара било што. Лажна вест! Штета што во Македонија не се случува ништо паметно, сериозно и убаво што би било тема за јавна дискусија, па лажните вести често поврзани и со моето име, се главно мени во јавниот дискурс и таквите стануваат вест за која со денови се дискутира“, напиша Груевски.






Инаку, поранешниот заменик-министер за локална самоуправа Зоран Димитровски вчера изјави дека има информација, дури и фото документација, дека лица од СДСМ го посетиле експремиерот Груевски во Будимпешта и му понудиле амнестија.

– Груевски таквата соработка ја одбил. Без оглед какви се неговите моментни односи со лидерството на ВМРО-ДПМНЕ, тој одбил да биде дел од подземни игри за обезбедување двотретинско мнозинство за уставните измени. Ова можам да го кажам авторитетно и со информации што ги имам од теренот. Постојат фотографии од средбата со Груевски на луѓе кои што се испратени од СДСМ – рече Димитровски.

СДСМ БАРАЛ ПОМОШ ОД ГРУЕВСКИ ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ Димитровски тврди дека постојат фотографии од средбата во Будимпешта

Поврзани содржини