НИКОЈ НЕ САКА ДА БИДЕ ДИРЕКТОР ВО „ВЛАДИСЛАВ РИБНИКАР“ Училиштето во кое Коста К. изврши масакр сите го заобиколуваат
По трагичните настани во ова осумгодишно училиште, на почетокот на јуни беше назначен привремен училишен одбор.
Ниту еден од кандидатите, кои претходно биле на разговор за директор на ОУ „Владислав Рибникар“ во Белград во кое 13-годишниот Коста Кецмановиќ во мај изврши масакр, не сакал да ја прифати функцијата, пишува Вечерње новости.
Училишниот колектив даде целосна поддршка на долгогодишната директорка Снежана Кнежевиќ, која на таа функција е од 2005 година и моментално е во петти мандат.
Во меѓувреме, поради констатирани неправилности во работата, педагогот, психологот и секретарот на училиштето, според информациите на Новости, по дисциплинската постапка, казнети се парично со одземање одредена сума од платата.
По трагичните настани во ова осумгодишно училиште, наместо Училишен одбор, на почетокот на јуни беше назначен привремен училишен одбор.
Се додека трае сегашната состојба не може да се распише конкурс за избор на директори. Разговорите ќе продолжат, досега имало неколку кандидати за директорската позиција, но никој од нив не сакал да прифати. Во меѓувреме, досегашната директорка продолжува да ја врши таа функција, наведуваат српските медиуми.