НИКОЈ НЕ ПОБАРАЛ ОД МЕНЕ ДОЗВОЛА ЗА ДА ГРАДИ МУЗЕЈ НА УЧК ВО СОПОТ Максим Димитриевски не е изненаден од пораките на Али Ахмети

Дали е отворен музеј или спомен обележје, секогаш си има строга постапка дефинирана според закон, како се отвора такво нешто, рече за Локално кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски.

513

Нема никакво барање за дозвола околу отворање на Меморијалниот комплекс на УЧК во кумановото село Сопот до Општина Куманово, изјави градоначалникот, Максим Димитриевски.

– Дали е отворен музеј или спомен обележје, секогаш си има строга постапка дефинирана според закон, како се отвора такво нешто. Во моментов немам никаква информација, ниту некој се обратил до Општина Куманово за да побара било каква дозвола – вели Димитриевски за Локално.






Димитриевски не е изненаден од пораките што ги испрати лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на отворањето на музејот.

– Во континуитет покажуваат екстремно самовластие како партија која повеќе од 20 години е на власт и секогаш во предизборието, игра на национална карта и со националните чувства на граѓаните… ова што се прави од страна на партнерот и носител на власта е срамно и недозволиво, дополнително револтира и фрустрира и мнозинството граѓани Македонците ги навредува – вели Димитриевски.

Инаку, на отворањеето на музејот на УЧК во Сопот, Ахмети порача дека „Албанците се господари во Македонија“.

📷 ИЗБРАВМЕ АЛБАНЦИТЕ ДА БИДАТ ГОСПОДАРИ ВО МАКЕДОНИЈА Ахмети го отвори музејот на УЧК во кумановско Сопот – „Голема Албанија“ е изгравирана на мермер, изложени се фотографии од борците

Поврзани содржини