Холивудската миленичка Џенифер Анистон првпат е видена во јавност по осум месеци, односно откако почна пандемијата на коронавирусот. Папараците ја „уловиле“ 51-годишната актерка облечена во тренерки, црн капут и патики, додека ги завршувала секојдневни обврски.
Секогаш средената Џенифер е видно ослабена и со неуредна коса, обвиткана во шал и со маска на лицето.
Убавата актерка не излегувала од својата вила вредна 21 милиони долари, од моментот кога пандемијата на коронавирусот почнала да се шири низ Америка.
Џенифер последен пат се појавила во јавноста на прославата на својот 51-ви роденден во февруари оваа година.