НИКОЈ НЕ ГО БАРА 4-ГОДИШНОТО ДЕВОЈЧЕ ПРОНАЈДЕНО МРТВО НА ПЛАЖА ВО ГРЦИЈА Полицијата се сомнева во убиство
Она што најмногу ја вознемирува полицијата е фактот дека исчезнувањето на девојчето никој не го пријавил. Тоа, според истражителите, отвора сериозни сомнежи – меѓу нив и можноста за семејно насилство, запуштање или дури и поврзаност со организиран криминал.
На плажата во атинското предградие Палео Фалиро пред неколку денови беше пронајдено тело на четиригодишно девојче, во случај што веќе предизвикува голема вознемиреност во грчката јавност. Иако засега не е утврден идентитетот на детето, истрагата добива сè подраматични димензии и се насочува кон можен случај на убиство.
Она што најмногу ја вознемирува полицијата е фактот дека исчезнувањето на девојчето никој не го пријавил. Тоа, според истражителите, отвора сериозни сомнежи – меѓу нив и можноста за семејно насилство, запуштање или дури и поврзаност со организиран криминал.
Извори од истрагата велат дека се отфрлени сценаријата според кои девојчето можело да падне од брод или да се удави заедно со своите родители.
Обдукцијата фрла дополнително светло врз трагичниот случај: во белите дробови на детето се пронајдени морска вода и песок, што укажува дека се удавило на самата плажа. Тоа значи дека детето најверојатно било живо кога било доведено на тоа место.
Полицијата и крајбрежната стража сега се фокусираат на детална анализа на снимките од безбедносните камери во околината. Посебно внимание се посветува на движењата на возрасни кои биле во придружба на мали деца во критичниот временски период.
Грчките власти не ја исклучуваат можноста истрагата наскоро да се преквалификува во кривична постапка за убиство.
Истовремено, надлежните служби ги повикуваат сите граѓани кои можеби забележале нешто сомнително во деновите пред пронаоѓањето на телото – да се јават и помогнат во расветлувањето на овој случај.