НИКНУВА ДИВОГРАДБА НА ЈАНЕ САНДАНСКИ, МУЦУНСКИ СПИЕ! Обвинување од СДСМ, Аеродром
Муцунски повеќе од една година не успева да обезбеди градежен инспектор во општината - реагира СДСМ. На овие обвинувања Општина Аеродром одговори дека „за отстранување на спорната градба потребно е да постапи Државниот градежен инспекторат, кој и покрај две писмени ургенции упатени од наша страна сè уште нема преземено мерки“.
Веќе неколку месеци се гради дивоградба во дворот на зградата бр. 118 на булеварот Јане Сандански, а Општина Аеродром не презема ништо во однос на тоа, со образложение дека нема градежен инспектор во општината – тврди Општинската организација на СДСМ во Аеродром.
„Граѓаните од Аеродром, преку медиумите се обидуваат да го изразат својот револт поради урбаниот хаос во општината предизвикан од неспособноста на Тимчо Муцунски.
Во нашата општина подолг период дивеат градежни активности кои немаат соодветно решение за градење од општината, а Муцунски не прави ништо за да го спречи тоа.
Веќе неколку месеци се гради просторија – дивоградба во дворот на зградата бр. 118 на булеварот Јане Сандански, а Општина Аеродром не презема ништо во однос на тоа, со образложение дека нема градежен инспектор во општината.
Ваквата неспособност Муцунски ја демонстира од почетокот на неговиот мандат, а граѓаните секојднвено се соочуваат со проблеми во нормалното функцинирање во општината.
Муцунски повеќе од една година не успева да обезбеди градежен инспектор во општината, лице кое треба да се грижи за регулирање на инфрастуктурините активности. Граѓаните во немоќ да се справат со урбаниот хаос во општината реагираат до медиумите, институциите и други форми на организирање за да спречат урбано безаконие.
Повикуваме Муцунски веднаш да преземе активности за да престанат незаконските градежни активности во општината. Муцунски во најкус рок соодветно да постапи за конкретниот случај кој се појави во медиумите, како и да одговори на поплаки на граѓаните на општина Аеродром“ – се вели во соопштението на Центар за комунукации и односи со јавноста на ОО на СДСМ Аеродром.
На овие обвинувања Општина Аеродром одговори со соопштение во кое вели дека „СДСМ, наместо да лиферува лажни вести, треба да почне да ги решава проблемите“.
„Проблемот за кој тие денес говорат е проблем за кој општината веќе има постапено, но за отстранување на спорната градба, во овој момент потребно е да постапи Државниот градежен инспекторат, кој и покрај две писмени ургенции упатени од наша страна сè уште нема преземено мерки. Зошто тие не постапуваат по ваквите предмети, е прашање кое СДСМ треба да го упати до директорот на оваа институција, кој доаѓа од коалицијата со ДУИ, а е поддржан од страна на СДСМ“ – се вели во соопштението на Општина Аеродром.