НИКНАТ ПОБРЗО ОД ШТО СЕ ЧИСТАТ Отстранети 150 диви депонии во Скопје

98

Од почетокот на годинава, ЈП Комунална хигиена Скопје се соочува со појава на масовно непрописно одлагање отпад на јавни и сообраќајни површини, особено во непосредна близина на контејнерите наменети за одлагање на комуналниот отпад.

Во периодот јануари-јуни 2024 година, екипите на претпријатието подигнаа и транспортираа вкупно 2.500 кубни метри отпад од диви депонии на територијата на Скопје. Интервенирано е во сите скопски општини, при што се отстранети приближно 150 диви депонии.






Основната дејност на ЈП Комунална хигиена е собирање и транспорт на комуналниот отпад од домаќинствата и од правните субјекти, коишто континуирано се реализираат седум дена во неделата, согласно Оперативниот план за одржување на јавната чистота на подрачјето на Градот Скопје и Оперативната програма за собирање и транспортирање на комуналниот отпад од подрачјето на градот Скопје.

Покрај своите редовни активности, екипите на Претпријатието се секојдневно максимално ангажирани за извршување вонредни акции, како што е расчистување диви депонии коишто настануваат како резултат на непрописното и несовесното одлагање отпад на јавните и на сообраќајните површини. Во оваа насока, претпријатието апелира до граѓаните својот отпад да го одлагаат исклучиво во наменски поставените садови – контејнерите, кантите или корпите за отпадоци.

Комунална хигиена испрати фотографии направени на улиците Лука Геров, Борис Сарафов и Христо Батанџиев во скопската општина Ѓорче Петров, Даме Груев во општината Центар, Митрополит Теодосиј Гологанов, Јуриј Гагарин и на булеварот Партизански одреди во скопската општина Карпош н акои може да се видат купишта отпад оставени покрај контејнерите.

 

Поврзани содржини