НИКАКО ДА Ѝ СЕ ПОГОДАТ ДИРЕКТОРИТЕ НА ДАНЕЛА Назначен нов петти в.д. директор на ЈП „Градски паркинг“
Како што велат извори за порталот СДК, Петревски од вчера не е директор и за нов петти в. д. директор е назначен Мартин Гавриловски кој е вработен во „Градски паркинг“.
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска го разреши и директорот на ЈП „Градски паркинг” Михаил Петревски, јавува СДК.МК.
Како што велат извори за порталот, Петревски од вчера не е директор и за нов петти в. д. директор е назначен Мартин Гавриловски кој е вработен во „Градски паркинг“.
Претходно, во понеделникот разрешен беше и директорот на „Водовод и канализација“ Виктор Панчевски, кој беше именуван пред 6 месеци.
Инаку Арсовска во ова јавно претпријатие назначи најмногу нови в.д. директори, дури петмина. Првиот траеше многу кратко, тоа беше Филип Пасху, по чие кусо раководење, водството со јавното претпријатие кое го регулира паркирањето го презема Бојан Христовски, кадар на ВМРО-ДПМНЕ. Христовски, по разрешувањето на Перински, даде оставка со образложение дека е незадоволен од поддршката од градоначалничката, која според него била незаинтересирана за развој на претпријатието. На негово место Арсовска го назначи Крсте Петревски, а кој потоа го преземе ЈСП. На местото на Петревски во април минатата година дојде Михаил Петревски, а кој сега е заменет со Мартин Гавриловски.