НИЕДНО МЕСТО ВО ГАЗА НЕ Е БЕЗБЕДНО Итна седница на Советот за безбедност на ОН

Седницата е свикана на барање на Обединетите Арапски Емирати и Кина.

151

Советот за безбедност на Обединетите нации денеска во Њујорк почна итна седница за хуманитарната криза во Појасот Газа. Седницата беше свикана на барање на Обединетите Арапски Емирати и Кина.

Првиот човек на Агенцијата на ОН за помош и работа за палестинските бегалци (УНРВА), Филип Лазарини, нагласи дека нивото на уништување низ Газа е без преседан и дека „човечката трагедија што се одвива под наша стража е неподнослива“.






Тој додаде дека и покрај тоа што израелските власти рекоа половина од населението во Газа да се евакуира на југ, значителен број жители на Газа се убиени додека барале засолниште, додаде Лазарини.

– Многу пати кажав и ќе кажам: ниту едно место не е безбедно во Газа – рече шефот на УНРВА, додавајќи дека „присилното раселување“ оставило повеќе од 670 илјади луѓе во преполнети училишта и подруми.

Поврзани содржини