НИЕ НЕ ПРАВИМЕ СКУЛПТУРИ НА БИКОВИ И ШМИЗЛИ Изградивме социјална зграда за 312 семејства, се пофали Ковачевски

Реализирани се 95 проценти од градежните работи за социјалната зграда што ја градиме овде во општината Бутел. Ова е најголемата социјална зграда во државата, во којашто наскоро домови ќе добијат 312 семејства од социјално ранливите категории, порача премиерот Димитар Ковачевски.

193

Не садиме палми во Вардар за стотици илјади евра, не градиме шпански скали, не правевме фасади од стиропор, не правевме скулптури на бикови и шмизли за милиони евра, туку со истите средства изградивме социјална зграда со 312 станови за социјално ранливи категории граѓани.

Ова го рече премиерот Димитар Ковачевски, кој денеска заедно со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, со заменикот министер за транспорт и врски, Беким Реџепи, со директорот на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката, Зоран Ѓоргијев, беше во општината Бутел, каде што се довршува изградбата на најголемата социјална зграда во државата.






– Реализирани се 95 проценти од градежните работи за социјалната зграда што ја градиме овде во општината Бутел. Ова е најголемата социјална зграда во државата, во којашто наскоро домови ќе добијат 312 семејства од социјално ранливите категории. И со овој зафат, покажуваме дека, ние, го исполнуваме ветеното. Зградата е со два влеза, со приземје и 13 катови. На секој кат има по 24 станови. И има пристап за инвалидни лица. Подеднакво важно е тоа што Владата се грижи за сите граѓани, со посебна чувствителност кон социјално ранливите граѓани и преку дела. Оваа зграда има вредност од 10 милиони евра. И ако се направи споредба, тоа е еднакво на 4 лавови коишто се поставени на мостот Гоце Делчев. 4 лавови е еднакво на зграда со 312 станови – тоа е најдобрата споредба за тоа во што инвестира оваа Влада, а каква Влада сме имале претходни 11 години. Не садиме палми во Вардар за стотици илјади евра, не градиме шпански скали, не правевме фасади од стиропор, не правевме скулптури на бикови и шмизли за милиони евра, туку со истите средства – социјална зграда со 312 станови за социјално ранливи категории граѓани. Вложуваме во потребите на граѓаните и тоа многу гордо можеме да го кажеме. Овде, 312 социјално загрозени семејства, наши сограѓани, ќе добијат кров над глава и децата во овие семејства, ќе бидат на сигурно – наместо на улица – изјави премиерот Ковачевски.

Поврзани содржини