„НИЕ НЕ НОСИМЕ ОДЛУКИ НА ШВЕРЦЕРСКИ НАЧИН“ Мицкоски уверува дека за финансирање на брзата пруга ќе се избере најдобрата понуда

Утре на затворена владина седница ќе се разгледаат пристигнатите понуди од финансиските институции за изградба на брзата пруга во Македонија.

253

Премиерот Христијан Мицоски најави дека на првата владина седница, во затворен дел, ќе се разгледаат понудите на финансиските институции за брзата пруга, но не може да каже каква ќе биде каматната стапка бидејќи процесот е доверлив. Сепак вети дека ќе биде избрана најдобрата понуда.

Тој рече дека во овој дел од постапката не може да каже за колкава каматна стапка станува збор, но уверува дека ќе биде одбрана најдобрата опција.






– Камата не можам да кажам затоа што понудите се доверливи. Не би говорел и за бројка додека не помине на владина седница, бидејќи интересот е голем. Утре ќе имаме затворена владина седница. Очекувам информација од Министерството за финансии за тоа. Исто така очекувам да се предложи меѓусекторска група која потоа ќе ги анализира сите понуди. Прв услов ќе биде дали тие институции дале понуда во износ на сумата која ние ја бараме, тоа ќе биде прв катализатор. Потоа ќе влеземе во длабинска анализа на сите понуди. Дури потоа ќе можеме да дадеме информација. Инаку сите понуди се доверливи и како такви ќе ги третираме до моментот кога ќе се избере најповолната понуда  –  рече Мицкоски.

Тој уверува дека ќе се донесе најдобрата понуда.

– Граѓаните да бидат мирни и спокојни, сигурно нема да класифицираме и да склучуваме договори како во минатото кога се носеа на шверцерски начин со злоупотреба на европското знаме. Она што ние ќе го прифатиме ќе биде најдобро, јас сум оптимист дека така и ќе биде, ние работиме исклучиво и само во интерес на граѓаните – рече Мицкоски.

Поврзани содржини