НИЕ ГО ГАСИМЕ ОГНОТ СО БЕНЗИН Вака Радев го коментираше давањето оружје на Унгарија од страна на Бугарија
Радев порача дека неговата земја не треба да ѝ испраќа оружје на Украина бидејќи на тој начин го поддржува конфликтот.
Претседателот на Бугарија Румен Радев изјави дека пружањето воена помош на Украина може да доведе до глобален конфликт, и апелираше да не му се испраќа оружје на Киев.
– Највредни се мирот и човечкиот живот. Испораката на оружје на Киев значи дека го гасиме огнот со бензин, значи дека признаваме дека ќе има многу повеќе жртви – кажа Радев во интервју за Дарик радио.
Како што истакна, воената помош на Украина значи согласување со ставот дека конфликтот треба да се води до целосниот пораз на едната страна, што неизбежно ја вовлекува земјата „во глобален конфликт и можност од нуклеарно самоуништување“.
Радев порача дека неговата земја не треба да ѝ испраќа оружје на Украина бидејќи на тој начин го поддржува конфликтот.
– Секој кој не се сложува со тој став не само што треба добро да ги проучи историските корени на конфликтот, туку и да изнесе анализа на сите ризици. Мојата должност како претседател е да размислувам и да бидам солидарен со повеќето Бугари – истакна тој.
Заклучи дека воениот конфликт се разжестува и дека води кон исцрпување и глобална економска катастрофа која Европејците веќе ја чувствуваат.
Германски Велт објави дека Бугарија уште на пролет минатата година почнала тајно да му испорачува на Киев големо количество муниција и дизел гориво. Таа информација ја потврди и министерот за надворешни работи на Украина Дмитро Кулеба.
До тогаш Бугарија и Унгарија беа сметани за единствени членки на ЕУ кои не ѝ испорачуваат на Украина оружје и муниција.