НИЕ ДЕЛИМЕ ЗАЕДНИЧКИ ВРЕДНОСТИ Ескобар вети брза евроинтеграција
Северна Македонија е дел од Европа, културно, историски и економски дел од Европа и треба да имате столче на масата на ЕУ. Во тој поглед ќе продолжиме да ги поддржуваме вашите напори да се покаже флексибилност во процесот на европски интеграции, како и продолжување на рефомскиот процес за тоа да стане реалност, рече Ескобар.
САД изразуваат силна поддршка за брза европска интеграција на Северна Македонија и работиме со нашите европски партнери да обезбедиме тоа да се случи што е можно најбрзо, изјави денеска американскиот заменик помошник државен секретар за Европа и Евроазија, Габриел Ескобар, кој е во официјалната посета на земјава.
– Северна Македонија е дел од Европа, културно, историски и економски дел од Европа и треба да имате столче на масата на ЕУ. Во тој поглед ќе продолжиме да ги поддржуваме вашите напори да се покаже флексибилност во процесот на европски интеграции, како и продолжување на рефомскиот процес за тоа да стане реалност – рече Ескобар.
Тој изрази благодарност за партнерството на САД со Северна Македонија, посочувајќи дека тоа не е само партнерстство, туку пријателство и сојузништво.
– Ние делиме заеднички вредности кои се во основа на нашата стратегија на споделени вредности. Ја изразувам благодарноста на Северна Македонија за континуираната поддршка и посветеност во НАТО – додаде Ескобар.
Ескобар во Скопје беше примен од претседателот Стево Пендаровски и министерот за надворешни работи Бујар Османи.