РУСИЈА НЕМА ДА ПРИФАЌА АЗИЛАНТИ Путин кажа не за „талибанци маскирани во бегалци“
Нашите западни партнери упорно го поставуваат прашањето за сместување бегалци во земјите од Централна Азија пред да добијат визи за САД или други земји, рече Путин на состанокот на претставници на владејачката партија Единствена Русија. Но, кој е меѓу овие бегалци? Како можеме да знаеме?, праша рускиот претседател.
Русија нема да прима „џихадисти маскирани во баратели на азил“ иако телефоните вртат и од земјата се бара да ги прими бегалците од Авганистан, објаснува Путин во своја изјава, велејќи дека никој не може да знае кои се тие луѓе, пренесува МИА.
– Нашите западни партнери упорно го поставуваат прашањето за сместување бегалци во земјите од Централна Азија пред да добијат визи за САД или други земји, рече тој на состанокот на претставници на владејачката партија Единствена Русија. – Но, кој е меѓу овие бегалци? Како можеме да знаеме?- праша рускиот претседател.
Путин процени дека „стотици, дури и стотици илјади, а можеби и милиони“ луѓе би сакале да го напуштат Авганистан. Тие сакаат да дојдат преку поранешните советски републики од Централна Азија кои граничат со Русија и истовремено со Авганистан.
За ситуацијата во Авганистан ќе се дискутира утре на онлајн самитот на Организацијата за договор за колективна безбедност, воена алијанса на неколку поранешни советски републики предводена од Русија.