📽 НИ РЕЧЕ ОДЕТЕ ВО УКРАИНА И НИ ВЕТИ МИЛИОН РУБЉИ Осомничените за нападот во Москва сведочеа пред руските служби

Сајфуло рече дека на украинската граница ќе нè чекаат луѓе кои ќе ни помогнат да ја поминеме границата и да стигнеме до Киев. Ни велеше: „Јавете ми се, па ќе ви кажам што да правите“, сведочеше еден од обвинетите за терористичкиот напад.

1,061

Обвинетите за терористичкиот напад во Москва го открија името на човекот кој ја водел операцијата и им ветил пари. Руската Федерална служба за безбедност објави снимка од еден од обвинетите кое се прикажуваше на руската државна телевизија.

Според зборовите на обвинетиот, човек по има Сајфуло ги контактирал и им ветил околу милион рубљи, што е околу 10.000 евра, пренесува Тасс.






– Сајфуло ни рече да одиме во Украина, во Киев. И дека таму ќе ни даде милион рубљи – вели тој за време на сослушувањето.

Други обвинети на снимката зборуваа за наводната помош што им била ветена по преминувањето на украинската граница.

– Сајфуло рече дека на украинската граница ќе нè чекаат луѓе кои ќе ни помогнат да ја поминеме границата и да стигнеме до Киев. Ни велеше: „Јавете ми се, па ќе ви кажам што да правите“ – сведочеше обвинетиот.

Според последните податоци, во терористичкиот напад загинале 144 лица , а 551 се повредени. Досега 11 лица беа уапсени за учество во терористичкиот напад , меѓу кои и четворица мажи кои пукаа во салата. Рускиот истражен комитет соопшти дека иследниците пронашле докази за поврзаноста на сторителот со украинските националисти.

 

 

Поврзани содржини