НЕЗАДОВОЛЕН ОД УСЛУГАТА ВО БОРДЕЛ Србин барал да му бидат вратени парите, упатил закани и бил приведен
Според портпаролот на полицијата Кристофер Верхњак, проститутката „ја прекинала услугата околу 16 часот бидејќи човекот бил премногу брутален“. Потоа побарал враќање на парите, а кога вработените го одбиле тој станал уште понасилен.
34-годишен Србин е уапсен во неделата попладне во Виена, откако побарал да му бидат вратени парите во бордел затоа што „не бил задоволен од услугата“, а потоа се заканил дека ќе го запали борделот, пренесува „Клајн цајтунг“.
Според портпаролот на полицијата Кристофер Верхњак, проститутката „ја прекинала услугата околу 16 часот бидејќи човекот бил премногу брутален“. Потоа побарал враќање на парите, а кога вработените го одбиле тој станал уште понасилен.
Тој се заканил и дека ќе го запали целиот бордел. Полицијата пристигнала на местото на настанот и го привела.