🎥 НЕВРЕМЕ ВО ЦРНА ГОРА Снег во Улцињ, силен ветер собори дрвја во Подгорица

Улцињ, Стари бар и Велики Пијешак останаа без струја поради прекини на далноводи.

1,943

Црна Гора денеска ја зафати невреме пропратено со силен ветер. Во Подгорица се исечени дрвја и уништен дел од мост, а најјужниот црногорски град – Улцињ утрово побеле.

Црвено-портокалова метеоролошка тревога е на сила во Црна Гора поради предвидените силни налети на ветер. Според РТЦГ, силен северен и североисточен ветер предизвикува проблеми во Подгорица. Соборени се неколку дрвја, а градските служби се на терен и ги санираат проблемите. Едно паднато дрво уништи дел од Мостот на браќата Златичанин.






Градоначалникот на Подгорица Саша Мујовиќ побара од раководителите на службите на главниот град да бидат брзи и координирани.

Улцињ, Стари бар и Велики Пијешак останаа без струја поради прекини на далноводи.

Необична глетка пристигнува од најјужниот град во Црна Гора каде утрово падна снег и остана, па Улцињ побеле.

Поврзани содржини