🎥 НЕВРЕМЕ СО ДОЖД И ГРАД ЗАФАТИ ДЕЛОВИ ОД СКОПЈЕ Не излегувајте надвор ако не морате!

Граѓаните од различни општини на социјалните мрежи објавуваа фотографии од дворови, покриви и возила прекриени со густ слој од мраз, а на одделни локации беа забележани и акумулирани наноси од град што го забавуваа сообраќајот.

4,699

Скопје попладнево беше погодено од силно невреме, проследено со пороен дожд, силен ветер и интензивна појава на град. Непогодата зaфати повеќе делови од главниот град, оставајќи видливи последици на улиците и во дворовите.

Граѓаните од различни општини на социјалните мрежи објавуваа фотографии од дворови, покриви и возила прекриени со густ слој од мраз, а на одделни локации беа забележани и акумулирани наноси од град што го забавуваа сообраќајот.






Иако досега нема официјални информации од надлежните институции за евентуална материјална штета или повредени лица, службите апелираат до граѓаните на зголемена претпазливост, особено при движење на отворено и при управување со возила.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи, нестабилноста на времето ќе продолжи и во текот на вечерта, со можност за нови локални врнежи, електрични празнења и засилен ветер. Граѓаните се советуваат редовно да ја следат временската прогноза и да избегнуваат непотребни патувања додека трае нестабилниот бран.

Поврзани содржини