НЕВЕРСТВОТО МУ ГО НАПЛАТИ СКАПО И ОД РАЗВОДОТ НАПРАВИ БИЗНИС Која е Мекензи Скот, најмоќната жена на светот?

Американскиот магазин „Форбс“ ја објави листата на 100 најмоќни жени на светот, а првата позиција ја зазеде Мекензи Скот, поранешната сопруга на Џеф Безос.

1,120

Американскиот магазин „Форбс“ ја објави листата на 100 најмоќни жени на светот, а првата позиција ја зазеде Мекензи Скот, поранешната сопруга на Џеф Безос.

Во текстот за најмоќните жени на светот, новинарката на „Форбс“ Меди Мек Грат, пишува дека Скот, по разводот од Безос добила огромни финансиски средства кои со голема брзина почнала да ги дели во хуманитарни цели.






„Пред три години Мекензи беше авторка, сопруга и мајка на четири деца која ја покренала групата за борба против злоупотреба, а во 90-те му помогнала на својот сопруг да го создадат „Амазон“. Тогаш, остана во негова сенка – но, потоа се разведе од Безос“, пишува во текстот.

Како што се наведува, крахот на бракот следел откако Џеф ја изневерил Мекензи.

Мекензи одлучила да стави точка на бракот, но сето тоа скапо му го наплатила
Од тој брак излегла со значителене износ на пари на својата сметка. По разводот, добила четвртина од уделот во „Амазон“ и речиси веднаш почнала да планира дека сето тоа ќе го подели.

„Имам неверојатна количина на пари која сакам да ја споделам со другите“, изјавила во мај 2019 година и притоа ветила дека барем половина од своето богатство ќе го даде во хуманитарни цели, пишува Мек Грат.

Како што вели новинарката на „Форбс“, Мекензи Скот, не само што својот збор го спровела во дело, туку тоа го нправила, но и понатаму работи со рекордна брзина и со целосна контрола на кого му ги дава парите.

– За повеќе од две години, од своето богатство, кое е проценето на 57 милијарди долари, дала 8,6 милијарди долари за 780 организации кои се борат за рамноправноста на половите, како и за искоренување на расната дискриминација – пишува новинарката.

Познатата хуманитарка се венчала во тајност за професор од Сиетл, Дан Џевет, а веста за бракот ја потврдиле на страницата на организацијата „Giving Pledge“ која ги поттикнува богатите поголем дел од своите пари да ги дадат во хуманитарни цели.

По разводот од Безос, среќата ѝ се насмевнала и што се однесува до љубовта.Две години откако Џеф ја напушти поради љубовницата, Мекензи ја пронашла својата љубов.

Најмоќната жена на светот денес работи со својот сопруг, со истражувачите и советниците на непрофитната консултантска компанија „Bridgespan“.

„Таа не му се правда на никој, нема управен одбор (за кој знаеме), наведува новинарката Мек Грат.

 

 

 

Поврзани содржини