Неверојатни снимки од масивна снежна бура во САД (ВИДЕО)
Поради ова невреме неколку автопати се затворени затоа што не е безбедно за возење.
Невремето, кое започна со снег, силен ветер и ниски температури во источна Дакота и западна Минесота, се упати кон исток, а го отежнува патувањето во тој дел на САД.
Издадени се предупредувања за снежна бура во регионот, додека официјалните лица на Националната метеоролошка служба предвидуваат температури од дури 37 степени Целзиусови под нулата, под ударен притисок од над 155 км/ч, пренесува „АП“.
EPIC THUNDERSNOW episode @SteamboatCO looking out towards Buffalo Pass and Fish Creek Canyon. VIDEO 1 of 2
Video shot by Mike Lane @CityofSteamboat pic.twitter.com/22jMI9gxdn
— Jim Cantore (@JimCantore) December 23, 2020
Поради ова невреме неколку автопати се затворени затоа што не е безбедно за возење.
– Зимата дојде во областа“, рече Грег Гаст, метеоролог од метеоролошката служба во Гранд Форкс во Северна Дакота.
Тој додаде дека се очекуваат најмалку 20 сантиметри снег.
– Најтешкиот удар на ветерот беше 100 км на час во Фарго – рече Гаст.