Кучето скитник од Бразил, стана вистински планетарен хит, кога локалните медиуми ја објавија приказната за неговото одење на ветеринар. Имено, кучето се појавило на вратата од амбулантата во многу тешка здравствена состојба, а од вработените побарало помош со гестикулација и со погледот.
Ветеринарката Дајсе Фереира го завршувала прегледот на друго куче, кога на вратата здогледала куче кое накривува. Како што рекла, таа и нејзините колеги биле зачудени од животното кое ја презело иницијативата и побарало нивна помош.
– Кога влезе ја крена повредената шепа како да нѐ поздравува, односно да ни покаже каде го боли. Бевме изненадени затоа што тој знаеше од кого и каде да побара помош – изјавила Фереира за порталот „Додо“.
По брзиот преглед, ветеринарката открила дека неговата шепа не е сериозно повредена, но, како што се испоставило, кучето имало среќа што ја посетило клиниката поради нешто сосема друго. Имено, Фереира открила дека кучето има мал тумор и дека е покриено со болви. За среќа, двата проблеми се лекуваат со соодветна грижа и нега.
Таа го избањала кучето и му дала лекови, но бајката за ова паметно куче штотуку започнала. Имено, на социјалните мрежи почнаа да се шират зборови за неочекуваниот пациент, а понудите за згрижување почнаа да доаѓаат од сите страни, па ова паметно куче го чекаат подобри денови и тоа во нечиј дом, каде што ќе добие љубов, нега и внимание.
„Најмногу е прекрасно што дојде само. Неговата интелигенција е прекрасна. Сигурна сум дека добри луѓе ќе го посвојат“, се надева ветеринарката, пренесува порталот „ДДЛ.рс“.
FOTO: Jutjub