📽️ НЕВЕРОЈАТЕН ВЕРИЖЕН СУДАР ВО КАЗАХСТАН Дури 95 автомобили учествувале во сообраќајна несреќа

Причинета е материјална штета на возилата, но за среќа нема загинати и повредени.

1,058

Во верижната сообраќајна несреќа во Казахстан учествувале 95 возила.

До несреќата дошло поради непочитување на ограничувањата на брзината и неодржување на безбедно растојание помеѓу возилата при неповолни временски услови.






Казахстанската национална компанија за управување со автопати (KazAvtoJol) соопшти дека инцидентот се случил на автопатот Астана-Петропавл во попладневните часови.

Причинета е материјална штета на возилата, но за среќа нема загинати и повредени.

 

Поврзани содржини